Владата и официјално ја преименува Националната арена „Филип Втори“ во „Тоше Проески“. Ваквата промена доаѓа во согласност со Договорот со Грција според кој сите објекти кои се именувани според античката култура треба да бидат преименувани.

Во образложението на владата стои дека ова се прави во чес на личноста која оставила траен белег на македонската и регионалната современа историја.