Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски вчера ја потпишал уредбата за ознаките на униформите на Армијата и отсега натаму, како што изјави, ќе биде Армија на Република Северна Македонија.
Тоа значи, прецизира, дека е завршен и тој технички и правен аспект со што се отвора можноста во следните набавки да се употребуваат новите ознаки.
Името на Армијата е Армија на Република Северна Македонија и тоа од вчера има правна основа односно е на правен начин уредено од моја страна“, изјави претседателот Пендаровски при денешната посета заедно со началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски на припадниците на Армијата на нашата јужна граница.
Comments are closed for this post.