Деновиве и во Бугарија се одржува попис и тоа со комбинаран метод.Попишувањето трае до 15 октомври, но тоа не значи речиси ништо за македонското малцинство кај источниот закон.Според бугарскиот закон нема посебна графа во која тие ќе можат да се изјаснат како Македонци. За нив е оставена графата „Останати“.
Тоа е можно само за Бугари, Турци и Роми, но не и за останатите етнички заедници. Поради тоа тешко е да се каже колку Македонци живеат во Бугарија.
На последниот попис во Бугарија во 2011 година како Македонци се изјасниле1.654 лица,на тој во 2001 година 5.071, а во 1992 година 10.803. Најмногу Македонци биле пребројани во 1956 година – 187.789 кога Бугарија била предводена од Горги Димитров.
Македонија со Договорот за добрососедство се согласи да не се меша во внатрешните работи на Бугарија, но тоа не важи за бугарските власти, посебно за претседателот Радев кој бара тие да бидат вметнати во Уставот иако нивната бројка е минорна.
Со ставот на Радев се согласува Заев и шефот на дипломатијата Османи. Тој вели дека нема ништо против Бугарите веднаш да влезат во Уставот и оти не треба да бараме реципроцитет.Османи лаже дека нема други заедници според бугарскиот Устав.
Ниту има турска заедница, ниту било каква друга заедница затоа што уставното уредување е такво што тие не признаваат организирање на етничка основа. За разлика од нашиот Устав кој познава и признава организирање по етничка основа. И затоа тој реципроцитет не е можен-вели Османи.
Comments are closed for this post.