„Секој ден во 6“. Се сеќавате на оваа парола со која шарените револуционерии мафтаа низ Скопје за да го изразат своето незадоволство од прислушуваните разговори кои ги објавуваше Зоран Заев наречени „вистината за Македонија“. Оттогаш поминаа осум години и Македонија повторно и се случува истото. АНБ го прислушувала премиерот Мицкоски, новинари и биснисмени.
Но, за разлика од тогаш сега нема осуда од невладините организации, медиуми. Тогаш токму невадините организации ги повикуваа граѓаните да изезат секој ден во 18 часот пред некогашното СЈО.
Невладините сега се тивки и ниту една не излезе со осуда или барем со коментар што тогашниот лидер на опозицијата и новинари биле пет години следени и прислушкувани. Во времето на „шарените“ секојдневно бевме сведоци на фаќање сеир и коментирање на содржината на разговорите кои во најголем дел беа приватни и неповрзани со никакви кривични дела.
Сега преку нивни блиски медиуми и новинари ја тераат истата приказна. Сакаат декласифицирање на прислушкуваните разговори. Сакаат повторно јавноста да гледа шоу.
Згора на тоа ако се декласифицираат, разговорите ќе бидат неупотребливи доколку биде покренат судски процес а тоа значи и аменстирање на директните налогодавачи и сторители.
Тој филм во 2025 година нема да прикажува. Не, за ова си има Обвинителство и судови, какви такви. Се по закон.
Comments are closed for this post.