По три часа разговори заврши средбата на лидерите на политичките партии, премиерот Оливер Спасовски и претседателот на Собранието Талат Џафери кај претседателот Стево Пендаровски во Вила Водно за терминот за парламентарните избори. Договор и датум за избори, следната недела лидерите пак ќе седнат заедно на маса.
Како што дознаваме планот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од четири точки на лидерската средба бил прифатен. Тоа значи дека прво треба да даде оценка здравствената комисија за состојбата во однос на здравствената ситуација и можноста за оддржување на избори.
Comments are closed for this post.