Ако се водиме од ставот дека здравјето на граѓаните е најважно, тогаш за изборите треба да се консултираме најпрвин со Комисијата за заразни болести, а потоа со Државната изборна комисија за времето неопходно да се спроведе овој фер и кредибилен изборен процес, истакна по денешната лидерска средба претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој остана на ставот дека најважно е здравјето на граѓаните, а потоа изборите.

Според Мицкоски, доколку еден загубен човечки живот е цената со која ВМРО-ДПМНЕ треба да победи на следните парламентарни избори, а тој да го добие премиерскиот мандат, тогаш како што рече, тој одбива да биде дел од таквата структура.

На средбата Мицкоски ја повторил неговата позиција, а тоа е дека не е важен изборниот процес, не се важни изборите, туку важно е пред и над се здравјето на граѓаните, предложувајќи план во неколку чекори, во однос на тоа кога е најразумно да се одржат парламентарните избори.

– Ако се водиме од ставот дека здравјето на граѓаните е најважно, тогаш треба да се консултираме со Комисијата за заразни болести и никој од нас не треба да го проблематизира нивното мислење во насока на тоа кога ќе одлучуваат дали и какви мерки треба да се спроведат. Потребно е да имаме фер и кредибилен изборен процес и мерките коишто ќе бидат во текот на тој фер и кредибилен процес навистина да гарантираат фер и кредибилен изборен процес, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Втората работа која што Мицкоски ја истакнал е консултација со ДИК за времето неопходно да се спроведе фер и кредибилен процес под услов првиот чекор да биде исполнет, но и да се оствари комуникација и контакт со ОБСЕ/ОДИХР во делот на организирање на набљудувачка мисија.

Како четврта точка, како што појасни, откако ќе се исполнат овие константи, тогаш може да се зборува за прва возможна дата кога ќе се случат изборите.

учесниците и очекува дека следната недела ќе имаат повеќе информации, водејќи се според принципот заштита на здравјето на граѓаните.

– Да сумирам, поврзано со изборите предложивме план од страна на учесниците со мали измени тој план беше прифатен и очекувам дека во текот на следната недела ќе ги имаме како информации овие константи за коишто пред малку зборував и ќе можеме одговорно на ситуацијата водејќи се од првиот принцип, а тоа е заштита на здравјето на граѓаните да не бидат истите изложени на ризик да реализираме еден фер и кредибилен изборен процес, рече Мицкоски.

Мицкоски појасни и дека предложил содржината на дневен ред биде дополнета со уште една точка, а тоа е проблемите коишто ние ги имаме со нашиот источен сосед во делот на негирањето на идентитетот, но како што додаде, немало консензус за ова прашање