Иселувањето од Македонија, посебно на младите е зголемено со доаѓањето на власт на СДСМ. Ова се заклучува од последната анализа „Младите и пописот на населението“ и „Финансирање на младинските политики“ кои беа промовирани во рамки на конференцијата „Младински состојби и финансирање на младинските политики во Македонија”, организирана од Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД).
Таму се наведува дека за шест проценти се намалил бројот на младите луѓе во Македонија меѓу два пописа од 2002 до 2021. Проценките се дека над 77.000 млади лица кои се родени во државата, заминале во странство последните години.
Ова е во целосна спротивност што СДСМ го тврдеше кога беше во опозиција. Нивните пароли тогаш беа „за „живот во Македонија“, „да ги задржиме младите дома“ и сл.
СДСМ опозицииска дури и организираше перформанс пред Владата во кој оставаа чевли и патики пред Владата кој требаше да го симболизира иселувањето под тогашната власт.
Злоупотребата на младите од страна се случува и во актуелните политички случувања. Нивната мантра е дека мора да прифатиме уставни промени за младите да не се иселуваат а младите луѓе беа во фокусот и на илинденскиот говор на претседателот Пендаровски.
Comments are closed for this post.