Судскиот совет нема да покрене никаква постапка против судиите за кои СЈО пред неколку месеци обелодени дека се дел од бомбите и дека биле предмет на политичко влијание.

Според претседателот на советот Зоран Караџоски, делата се застарени, а тие како совет немаат надлежност да поведат постапка против судиите.

Дека судии биле дел од бомбите и врз нив било вршено политичко влијание, беше објавено во извештајот на СЈО пред неколку месеци. Неодамна во гостување на телевизиска емисија специјалната обвинителка Катица Јанева ги посочи судиите со име и презиме и ги повика од морални причини да се повлечат од функциите.