Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе учествува на Министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје каде ќе зборува за главната улога на Организацијата во промоција на продлабочената безбедност во регионот и ќе се заблагодари на Македонија за нејзината лидерска улога, соопшти синоќа Стејт департментот.

Блинкен денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, а во посета на Македонија доаѓа утре каде на 29 и 30 ноември се одржува состанокот на министрите на ОБСЕ, изјави портпаролот Метју Милер.

Oткако е веќе јасно дека министерот за надворешни работи на Русија ќе дојде во Скопје се уште не е потврдено дали ќе има средба Блинкен-Лавров.