Премиерот Зоран Заев денеска на отворањето на затворен пазар во Виница, коментираше на новинарско прашање за Талат Џафери и неговото обраќање во европскиот парламент на албански јазик.
Тој кажа дека Џафери го прекршил Уставот, но дека нема да биде побарана одговорност.
Талат Џафери го прекрши Уставот со тоа што се обрати во европскиот парламент на албански јазик. Имаше три сесии, на двете се обрати на македонски, на третата на албански. Нема да побарам одговорност, очекувам од претседателот да објасни. Политичарите треба да тргнеме од себе и да бидеме пример како треба да се однесуваме, односно да го почитуваме Уставот, рече Заев.
Comments are closed for this post.