Не знам зошто е од интерес потеклото на роднините на мојата сопруга. Таткото на мојата сопруга е роден во Куманово, дедото на мојата сопруга е роден во Крива Паланка. Мојата сопруга е родена во Крива Паланка, јас сум роден во Куманово, нашите деца се родени во Скопје. Сите поседуваме лични документи од Sеверна Македонија.

Нема да ги коментирам предците на мојата сопруга, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по вчерашната објава на бугарски Труд дека неговата сопруга била Бугарка. Веста ја пренесоа и дел од македонските медиуми.