Неприфатлив е трансферот  на вработени од јавниот во приватниот сектор оти  ќе има  одлив на стручен кадар. За овој став денеска претставници на Синдикатот на администрација и државна управа го информирале министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Од Синдикатот попладнево преку соопштение информираа дека на средбата се  разговарало и  за новите измени во Законот за административни службенции.

Исто така, пред министерот беа доставени бројни докази за некоординираност на институциите, непостапување на инспекторатите по пријави за злоупотреба на службена должност, судски пресуди со кои што ги докажуваме споменатите дејствија и други правни акти со кои што недвосмислено се гледа дека во одредени институции во јавниот сектор владее хаос, се наведува во соопштението од Синдикатот.

Министерот Дамјан Манчевски ги констатирал овие  тврдења и  искажал подготвеност за потпишување на нов колективен договор за јавниот сектор со цел зголемување на правата на вработените, а во однос на зголемувањето на платите за пет проценти во јавната администрација од следната година, од Синдикатот побарале потпишување на спогодба со која платите ќе растат линеарно секоја година.