Ова беше тежок компромис, требаше доста време и разбирање. Со визија и прагматизам страните дојдоа до компромис со кој се врзаа стратешките цели. Како и со секој вистински компромис двете страни чувствуваат загуба, се гледа тоа и по реакциите, рече американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, на неговото обраќање на научната конференција во МАНУ.
Токму затоа, на гласачкото ливче рече тој, постои опција „За“ и „Против“ и нема ниту едно гласачко ливче на кое може да се заокружи опцијата „Одлично“.
– Нема подобар договор кој може да се постигне. Тоа е договор кој го признава македонскиот идентитет и јазик и бара да се променат името на државата и институциите. Некои работи ќе бидат тешки, но не треба да се заборави на тоа што ќе се случи наредните години, ќе бидете 30-та земја членка на НАТО – посочи Бејли.
Comments are closed for this post.