Претставник на НАТО во Брисел денес во кратка писмена изјава за Пресинг ТВ демантира дека генералниот секретар на Алијнсата испратил писмо до Скопје и до Атина со кое наводно барал процесот за Преспанскиот договор да заврши до 15 февруари.
„Не постои такво писмо. Спроведувањето на Преспанскиот договор целосно зависи од Атина и од Скопје“, вели претставникот на НАТО.
Вчера во НАТО не беа толку категорични за писмото, за кое објави грчкиот весник „Катимерини“, соопштувајќи дека тие не ги коментираат дописите на генералниот секретар. Но, денес за Пресинг ТВ сосема јасно ја демантираат таа информација. Писмо од Столтенберг, значи, нема.
По, ова се поставува прашање кој и зошто ја објави таа лажна вест? А, уште почудно е што таа е пуштена преку угледниот „Катимерини“, кој не така одамна објави интервју со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Comments are closed for this post.