Во купот лаги што СДСМ и ДУИ го говореа кога се согласија на оној француски, односно бугарски предлог најголема е онаа лага или манипулација дека ако не прифатиме уставни измени прв пат самите ќе си ставиме вето.
Тоа воопшто не е точно бидејќи по денешното гласање на дневниот стана јасно дека СДСМ самиот на себе си стави вето.Со тоа вето доби и државата која ја ставија во подредена положба. А тоа е кривично дело, тоа во СДСМ добро го знаат и ќе дојде време кога за ова ќе одговараат.
За да немаше вето власта требаше прво да обезбеди внатрешен конзензус, поддршка од опозицијата и потоа тоа да им биде претставено пред граѓаните бидејќи ниту една партија на минатите избори во својата изборна програма немаше наведено дека ќе го менува Уставот.
Затоа вината за тоа што нема двотретинско мнозинство власта треба да ја бара исклучиво кај себе. Не знам како мислеа дека после сите изјави на Радев, Јотова, па еден куп бугарски премиери дека уставните измени е само почеток на сите услови што мораме да ги исполнме ако сакаме да почнеме преговори.Со други зборови да играме по бугарски ноти.
Згора на тоа, нема никаква гаранција од ЕУ дека ќе станеме членки до 20230 година. Има само ветување, а на убави зброри и „само уште ова“ Македонците неколку пати се изгореа. СДСМ сакаше да се изгориме уште еднаш. А тоа е премногу.
Comments are closed for this post.