Мораме да почнеме меѓу себе да се разбираме и познаваме. Наместо вето, да промовираме поддршка.  Не е време за триумфализам, тука за работа и одговорност. Ова на вечерашниот прес конференција го истакна кандидатот за претседател од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

„Искрено си се прашувам неколку саати со што ја заслужив оваа чест, јас знам дека се подготвував, знам дека се посветив на кампањата, знам дека го зборував она што го мислев, а не она што некој очекува да го слушне, наградата е непроценлива за мене“, истакна Силјановска Давкова.

 

 

Таа додаде дека покажале граѓански имунитет, отпорност на протисоците, нагласи дека е среќна, а ќе направи се да ги брани националните интереси.

„Да повикувате на бојкот е партиски и политички притисок, да одите по домовите со списоци е исто така политички и партиски притисок, значи се одважија македонските граѓани без оглед на етничката, верската социјалната и било каква положба да излезат стамено и стоечки и да го дадат гласот на оној за кој што сакаат“, порача Силјановска Давкова.

Јас сум горда на новинари, граѓаните и луѓето кои учествуваа во изборниот натпревар, заврши Силјановска коментирајќи го слоганот на политичката кампања кој гласаше „Македонија Горда“.