Премиерот Зоран Заев во денешниот отчет потсети дека пред 100 дена во Собранието најави оти влегуваме во време на ред, правда и дисциплина, на прочистување на судството и неселективно владеење на правото. Се осврна на позитивниот извештај на ЕК за С Македонија, во кој се истакнува дека оваа извршна власт ја започна трансформацијата на земјата по европски терк и овозможува еднаков пристап до правдата, еднакви можности за сите и еднаквост пред законите. Правдата станува еднакво достапна за сите, нагласи премиерот Зоран Заев во денешниот отчет за сработеното во изминатите 100 дена.

Тој наведе дека со одлуката на Уставниот суд со која јасно стана дека поништувањето на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов е уставна и законска, пропадна, како што рече, и последниот обид на обвинети лица опфатени со амнестијата да се ослободат од одговорност.

Предметите подигнати и водени од СЈО продолжуваат, истакна, да бидат во процес на правна разрешница низ независни, ефикасни, транспарентни, законски судски рочишта.