Решението на комисијата за Гоце Делчев веројатно ќе биде клучно за односите со СМакедонија.

Ова го изјави доцент Наум Кајчев, копретседавач на заедничката комисија за историја со Македонија во утринската емисија на БТВ.

-Таму историските извори се повеќе од јасни. Тука е прашање на многу прагматично и рационално решение на политичката и интелектуална елита на с.Македонија за да одиме напред, вели Кајчев.

Според него, на последната средба во Скопје било разговарано за целиот период на средновековието, меѓу другото за Богомилското движење, основањето и развојот на Охридската архиепископија, претставувањето на црковниот живот во тој период и тука биле постигнати ограничени резултати. Во македонските учебници за седмо одделение бугарската страна за овој период имала 14 забелешки од кои само две биле решени.

-За цар Самоил имаме извесно приближување, но важно е да биде завршен целиот пакет од средновековната историја. Историјата е тој фундамент од кој проислегуваат останатите проблеми, дополни Кајчев.

На прашањето дали има руско влијание врз разговорите, Крајчев коментира дека е можно да има такви појави.

-За Русија би било згодно да има една с.Македонија, која би била поблиска до Србија и оттаму поблиска со Унгарија. Такви држави би предизвикале непријатности и во ЕУ, изјави Кајчев.