Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за време на неговата посета на Македонија, беа во посета и на Полкот за специјални операции во касарната „Илинден“.
Пред министерката Шекеринска и генералниот секретар Столтенберг припадниците на Полкот за специјални операции изведоа две показни вежби, а прикажаа и дел од боречките вештини.
Тие уверуваат дека НАТО е подготвен да ја пречека Македонија како 30 земја членка на Алијансата.
Comments are closed for this post.