На граничниот премин Табановце се чека околу еден час, соопшти Авто мото сојузот во најновиот денешен извештај.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Пред неполн месец почна да функционира на заедничкиот граничен премин Табановце – Прешево, каде што сега границата се поминува со едно чекање на заедничката испостава што ја воспоставија граничните служби од Македонија и од Србија, со проектот за интегрирано гранично управување „Уан стоп шоп“.