Додека улиците во Општина Центар беа затрупани со снег и останаа непроодни градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ беше на примопредавање на вакцините од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ на граничниот премин „Табановце“.
Наместо посветено и професионално да се зафати со локалните проблеми за кои што избран, Саша Богдановиќ беше на промоција иако нашата држава беше претставена од највисокиот државен врв. Останува нејасно што правел Богдановиќ на „Табановце“ и која улога ја имал да биде дел од високата делегација иако притоа не е дел од извршната власт. Наместо да се зафатат со работа и исполнување на своите надлежности Градочалникот од редовите на СДСМ, Богдановиќ наместо да организира чистење на локалните улици тој си чисти терен за втор мандат. На градоначалниците од редовите на СДСМ поважен им е пиарот и промоцијата во трката за втор мандат во пресрет на локалните избори отколку да се зафатат со реалните проблеми на граѓаните за кои што се и избрани. Возилата во Центар останаа заглавени во снег, тротоарите неисчистени, а граѓаните гневни на локалната власт која им наплаќа највисоки давачки за паркинг, комуналии и даноци.
Comments are closed for this post.