Како што соопшти МНР, во рамки на престојот во Берн, министерот Османи ќе се сретне со бројни здруженија на граѓани и членови на нашата дијаспора од кои ќе побара поддршка за процесот на Попис 2021.

Досега се попишааа само 64 илјади македонски државјани што живеат во странство. Најмногу во  Швајцарија со 16.000 ,следуваат Германија со десет илјади и Италија со шест илјади попишани иселеници. Најслаб е интересот во САД, Канада и Австралија.