По обилните врнежи од дожд во изминатите неколку часа што го зафатија кумановскиот регион вечерва на терен се излезени екипи од општината, Регионалниот центар за управување со кризи, СВР Куманово, јавните претпријатија иТериторијалната противпожарна единица.

До 20 часот најмногу дожд наврна во Маврово, Крива Паланка, Демир Капија и Прилеп (25 l /м2 воден талог во Маврово, 18 во Крива Паланка, 13 во Д. Капија, 9 Прилеп, 8 во Скопје- Петровец, 6 Ѓуриште, 4 Скопје на Зајчев Рид, 2 Берово и 1 литар во Струмица).