Државната изборна комисија-ДИК денеска на седница го заклучи Избирачкиот список. Право да гласаат на шестите претседателски избори имаат 1.808.131 избирачи.
Заклучениот Избирачки список, односно изводите од списокот на кој се гласа, ДИК треба да ги потпише 15 дена пред денот на изборите, односно најдоцна до 5 април.
В недела напладне во просториите на ДИК тројцата кандидати за претседател на државата – Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски треба да потпишат кодекс за фер и демократски избори.
Comments are closed for this post.