Бидејќи Заев рече дека СДСМ не е македонска партија ги повикувам Македонците да гласаат против Заев, а Албанците да не бидат манипулирани, бидејќи ова што го прави Заев глумејќи опозиција во албанскиот блок е обично лицемерие, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ТВ дуелот на Канал 5 со Зоран Заев.
Мицкоски истакна дека Заев го потценува македонското гласачко тело и самиот кажа дека не се повеќе македонска партија и го напуштиле тој концепт.
Јас затоа ја користам оваа прилика да кажам дека на следните избори ќе има една македонска политичка партија тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ и ги повикувам Македонците и сите останати етникуми да ја препознаат вредноста и да гласаат на тие избори за ВМРО-ДПМНЕ. Сето ова кое што го кажа Заев е груба манипулација и обид да се глуми опозиција во рамките на албанскиот гласачки блок, притоа брутално лицемерно напаѓајќи ја ДУИ со која три години беше во иста влада потенцираше Мицкоски.
Во врска со изборните коалицирања Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со партијата која ќе може да ја прифати програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ често зборуваше дека идната коалиција ќе биде врз основа на програма. Секоја политичка партија која што мисли и може да ја прифати програмата на ВМРО-ДПМНЕ, а ние да прифатиме програма на друга политичка партија врз основа на преговори, ние сме подготвени да разговараме и да создадеме коалиција рече Мицкоски
Comments are closed for this post.