Комесарот Јоханес Хан вели дека му е жал што Македонија не добила датум за почеток на преговори и оти за тоа не постоела едногласна одлука меѓу земјите членки. Сепак, тој побара да не очајуваме и оти е убеден дека во октомври ќе добиеме датум за почеток на пристапните преговори.

Северна Македонија работеше вредно и време е ЕУ да ги исполни своите обврски. Некогаш мора и ЕУ да испорача, а не само вашата земја. Но, затоа неопходно е да се продолжи со натамошно спроведување на реформите“, рече еврокомесарот Хан.