На донаторот на ДУИ му тргна: Фатија уште еден милионски тендер

19.09.2023 / 14:00


Градежната фирма „Еуровија ДООЕЛ Желино“ e избрана на уште еден милионски тендер, овојпат за „Регулација на дел од ободен канал во н.м Арачиново, општина Арачиново“, услуга која ќе ја чини државата 1.038.833 евра.

Понуда на тендерот на Министерството за животна средина и просторно планирање дале и фирмите „Вардарградба“ од Трубарево и „Ленди груп“ од Скопје, но сепак одлуката паднала на донаторот на ДУИ.

Оваа компанија, меѓудругото, е ангажирана за 1,8 милиони евра да го преуреди просторот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ за настан на ОБСЕ и потребите на МНР, за околу 4 милиони евра ја гради полициската станица Аеродром преку тендерот на МВР, а ангажирани се и за расчистување на автопатиштата. Избрана е и за подизведувач во изградбата на коридорите 8 и 10д од страна на американско – турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, со кого владата пред околу 6 месеци потпиша договор вреден над милијарда и 300 милиони евра.

Еуровија стана позната во јавноста и како фирма која лани била најголем донатор на политичката партија ДУИ, додека извршувала јавни работи за државата, што пак е спротивно на законот за финансирање на политички партии.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Марта Кос ни го спореди идентитетот со тавче-гравче, полнети пиперки и пинџур

пред 10 часа
Македонија

Mицкоски: Предводиме на патот на реформите, кои значат од подобро владеење и почиста енергија, пофер правда и силни бизниси

пред 12 часа
Македонија

Потребни сме на семејство од Кочани! Да донираме уште денеска!

пред 15 часа
Македонија

Крешник Бектеши на притворско кафе во Старата чаршија (ФОТО)

пред 15 часа
Македонија

Костовски: Напредокот на општините ќе беше мисловна именка без унгарскиот кредит

пред 16 часа
Македонија

Вака изгледа патувањето по новиот пат Дреново-Фариш (ФОТО)

пред 16 часа
Македонија

Лидерите на Западниот Балкан на средба во Скопје, планот за раст главна тема

пред 16 часа
Македонија

Туфегџиќ: Ќе се бара одговорност од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски ги пречека лидерите од регионот (ФОТО)

пред 1 ден
Македонија

Филипче: Спроведување на електронски попис ќе биде предизвик

пред 1 ден