На 21 февруари почнува судењето за организаторите на настаните од „27 април“, најави денеска Обвинителката Вилма Рускоска.

Обвинетите  се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Според обвинението, по неуспешните преговори за формирање влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во декември 2016, тие изготвиле план со намера да ги загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата и да спречат примопредавање на власта.