МВР поднесе кривична пријава за поранешниот пратеник од редовите на НСДП, Љубомир Јосифовски поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РСМ.

Како што информираат од МВР  по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар и консултација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, го  лишиле од слобода Јосифовски.

Во координација со судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом во Скопје.