Адвокатот Стеван Павлески повеќе нема да ја брани Катица Јанева. Павлески, кој дојде на распит со осомничената специјална обвинителка во Обвинителството за организиран криминал, а потоа ја бранеше кај судија на претходна постапка од мерката притвор, ѝ го откажал полномоштвото.

Павелски ѝ најавил дека веќе не може да ја застапува три дена по нејзиното приведување.

Адвокатот ќе продолжи да ги застапуваа неговите досегашни клиенти во предметите на СЈО, поранешниот директор на Агенцијата за патишта Љупчо Георгиевски во случајот „Траекторија“ и Цветан Панделески од случајот „Империја“.