Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вчера биле на приватна мото- турнеја низ Македонија, која продолжува и денеска.

Сред ек на пандемијата со коронавирусот, додека дневниот црн биланс покажува по околу 50 починати лица дневно, а граѓани протестираат пред министерството за здравство, двоецот Заев- Филипче наместо да се ангажираат да обезбедат вакцини, си се возат со мотори низ Крушево. Нивната турнеја продолжи и денеска низ Пештани каде од граѓани се снимени додека поминуваат.

Од почетокот на овој месец до сега има над 300 починати лица, болниците се полни со пациенти, а Заев и Филипче уживаат во возењето со скапи мотори и си летаат со хеликоптери.

Само вчера во Македонија починаа 32 лица. Пред министерство за здравство вчера се одржа и протест под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“, но ниту ресорниот министер, ниту премиерот ги слушнаа нивните пораки, бидејќи тие викендов си го искористија за нивното луксузно хоби.