Пристапувањето на Република Македонија во НАТО може да се претвори во тоа, државата да не може да води независна надворешна политика, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува ТАСС.

Сигурно ќе мора  да се плаќа покровителството на НАТО. Веќе знаеме каква е цената за тоа. Ќе мора да се плаќаат како зголемувањето на расходите за одбрана, за учество во воени маневри, за операции далеку од интересите на македонскиот народ, така и за загубата на можноста за водење суверена надворешна политика, посочи Захарова.

Според нејзините зборови, вработените во руското министерство не можат да разберат од каква опасност Северноатлантскиот блок има намера да ја чува Република Македонија.