Петнаесетгодишно момче се удавило вчера во водите на реката Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен, потврди кумановската полиција.

Според првичните информации на СВР Куманово, момчето родено во 2004 година заедно со уште едно возрасно лице и двајца малолетници, вчера во 16:15 часот влегло во водите на Пчиња по што се удавил.

Известен е јавен обвинител и извршен е увид.