Засега нема официјална информација дали денеска ќе се одржи лидерската средба најавена за во 14 часот. Зијадин Села нема добиено информација дека таа е откажана, а пак СДСМ преку партиско соопштение порачаа дека Мицкоски бега од лидерска и оти срамежливо бега од лидерска средба.

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека лидерот Мицкоски не ја гледа потребата за лидерска средба доколку на неа не се разговара за организирање на предвремени избори.

Премиерот Заев пак како теми на лидерската ги предложи Изборниот законик, пописот и Законот за Јавно обвинителство.