Поранешниот претседател Бранко Црвенковски ги искритикува актуелните власти во Македонија, велејќи дека постојано се повторува една мантра: дека друга алтернатива освен членство во Европската Унија – немаме, па прашува што во тој случај ќе направиме ние, за кои не постои план „Б“?
Црвенковски, на денешниот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991 / 1991-2021 година” во организација на Македонската академија на науките и уметностите по повод 30 години независност, праша што во случај Европската Унија да одлучи да нема повеќе проширување, без разлика дали ние сме ги исполниле сите услови. Дали тогаш ќе се самораспуштиме или самоукинеме? – прашува Црвенковски.
Тој смета дека во Македонија мора да се изработи платформа, национална стратегија за иднината, со која би се утврдиле насоките по кои државата ќе се движи во иднина, без разлика дали тој пат ќе заврши со членство во Европската Унија или не. Смета дека би било идеално таа национална стратегија да ја изработат политичките партии, но исто така вели, дека не гледа начин, со оглед на нивните релации тоа и да го направат.
Секако, потсетува, таа национална стратегија не може да нѝ ја изработи некој од надвор.
Македонија, според поранешниот претседател е корумпирана држава. Дополнително, Македонија живее на кредити, а кој живее на кредти, вели Црвенковски – умира на рати!
Comments are closed for this post.