Северна Македонија и Албанија ја искористија можноста и испорачаа реформи, го завршија својот дел од работата и сега е ред на ЕУ да го исполни својот, изјави високата
претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини на заедничката прес-конферениција со еврокомесарот Јоханес Хан на која го презентираа пакетот за проширување на ЕУ.

Посочи дека извештајот сведочи за повеќе постигнувања и успеси, кои се импресивни особено за Северна Македонија и Албанија.

– Северна Македонија и Албанија ја искористија можноста и испорачаа реформи. Историскиот Договор од Преспа, со кој се става крај на проблемот со името со Грција и зајакнувањето на добрососедските односи со Бугарија е нешто што сите го вреднуваме и препознаваме истакна Могерини.