Шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар попладнево им го врачи Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата за 2019 година на претседателот Стево Пендаровски, на претседателот на Собранието Талат Џафери, на премиерот Зоран Заев и на претставник на судската власт.

Жбогар ќе им го предаде Извештајот во Кабинетот на Претседателот на Македонија во „Вила Водно“.