Министерството на надворешни работи со најавата за посетата на шефот на унгарската дипломатија направи груба манипулација наведувајќи дека тој доаѓа на сопствено барање.

Но, МНР беше демантирано од самиот Сијарто напоменувајќи дека доаѓа по барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Морам да ја истакнам благодарноста до Христијан Мицкоски што ме покани. Причината што сум тука е телефонскиот повик од Христијан минатата недела. Во повикот истакна дека е потребна помош од Унгарија за надминување на пандемијата што ни се случува. Одлучивме да помогнеме на пријателскиот народ во Македонија-истакна гостинот од Унгарија.