Премиерот Зоран Заев очекува да биде пронајден поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој е во бегство по одлуката на судот да му се одреди куќен притвор, а во спротивно, вели тој, ќе побара одговорност.

Исто како и целиот наш народ, така и јас, сме разочарани што се уште не е приведен. Барам веднаш да постапат институциите и да го пронајдат. Очекувам детални информации од извршната власт, односно МВР. Очекувам детали за самиот случај од судот, обвинителството и МВР. Нашиот народ очекува понесување одговорност доколку не се спроведе судското решение за мене еден од најважните случаи во историјата на Македонија – рече Заев.

Ќе побарам одговорност кога ќе ги знаеме деталите, во 18:30 во Бирото е примена наредбата и е постапено. Нема да правам јавна истрага пред микрофоните и камерите, додаде Заев, по сведочењето во Кривичен суд за „Титаник“.