Антизападниот (Никола) Груевски ве имаше вас, изгледа, за да стане антизападен.

Ова беше само дел од контрарепликата на пратеничката од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, кон вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, на денешната собраниска седница посветена на интерпелацијата поднесена за него.

Контрарепликата уследи откако Димитров во својата реплика, пак, меѓу другото изјави дека македонската кауза му е животен повик и оти бил дипломат, но никогаш не бил член на ниту една политичка партија, иако Мизрахи му забележа дека во времето на Никола Груевски тој беше амбасадор во САД.