Инспекторатите во последната недела од јануари направиле 4959 контроли. Акциските контроли продолжуваат, а согласно заклучок од вчерашната седница на Владата за одобрување на годишните планови за вработување сите инспекциски служби ќе се зајакнат.

Ова го соопшти претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Грашковска Филиповска, денеска на прес-конфренција наведувајќи дека Владата ги задолжила министерствата за финансии,  за информатичко општество и администрација и за политички систем и односи меѓу заедниците со највисок приоритет да ги разгледаат и одобрат годишните планови за вработување во сите инспекциски служби за 2021 година.

Според Грашковска – Филиповска, ова е уште еден чекор во заложбите на Владата за подобрување на кадровската екипираност на инспекциските служби и за создавање  ефикасен контролен механизам

Соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат од 25 до 31 јануари годинава извршил 131 надзор и донел 15 решенија за неправилности. Како што образложи директорката на овој инспекторат Ирина Сотирова Бухова, решенијата се издадени во однос на  одредени отстапување за користење на лична заштита, што не значи дека сите се во јавни и приватни завствени установи, туку и во и установи што се во ингеренции на контрола на ДСЗИ.

Овој Инспекторат од 25 до 31 јануари издал и 4373 решенија за изолација и самоизолацијаа, со што, како што посочи Грашковска-Филиповска, продолжува трендот на намалување на издадените решенија

Државниот пазарен инспекторат, пак, спровел 3571 контрола и 757 надзори поврзани со Законот за заштита на наелението и заразни болести и проколите за работа на угостителските објекти, но и други закони. Притоа се изречени 23 прекршочни пријави, 14 решенија за неправилности и 63 прекршочни платни налози.

Од вкупниот број решенија пет се за непочитување на протоколот за работа на угостителски објекти и тоа од два во Охрид, и по еден угостителски објект во Госитвар, Тетово и Битола. На сите им е изречена забрана за вршење дејност и соодветно ќе се изрекуваат и платни налози. Не се почитувало работното време и мерката по четири лица на една маса.

Во контролите на Инспекторатот за транспорт е констарирано во девет случаи непочитување на материјални закони и во три непочитување на протоколот за меѓународен сообраќај на ГП „Табановце”.

Инспекторатот за труд за една недела во која се спроведени 367 контроли, донесе 10 решенија и пет прекршочни платни налози. Од 10-те решенија за неправилности едно е за непочитување протокол за превентивни мерки за сите работни места, а пет се за вработени лица кои не носеле заштитна маска на работното место.

Агенцијата за лекови не констатирала неправилности во извршените 14 надзори, Агенцијата за храна и ветеринарство спровела 390 надзори и изрекла 14 решенија, 31 едукација и еден прекршочен платен налог, додека Државниот инспекторат за животна средина изврши 50 надзори и констатира осум неправилности во областа на животната средина и донесени се шест решенија од кои пет се по Закон за води, а три од Законот за животна средина.

Филиповска Грашковска најави дека инспекциските служби ќе продолжат и во наредниот период со контроли на терен и неселективно да постапуваат и казнуваат.

Одговарајќи на новинарско прашање за преземање нвработени по Рамковен договор во инспекторатите, рече дека од  информациите што ги има се уште не се распределени лицата и не се почнати со работа, бидејќи за тоа е потребно да се спроведе целосна постапка за преземањето, како и дека дел од лицата имаат соодветно образование за да можат да бидат инспектори, а дел со образование да бидат распределени на административни места.

За  распределените лица по тој основ рече дека ја нема точната бројка, но посочи дека во оазарна инспекција се 35, а во трудова 14 лица.