„Нема да бидеме како СДСМ, ќе бидеме во собраниските клупи и ќе се воздржиме од гласање. Нема да гласаме за тоа што цениме дека Талат Џафери не заслужува да се гласа“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.
Мицкоски потсети на однесувањето на Талат Џафери во вториот мандат како што е претседател на Собранието на Република Македонија, ако се заборави неговото однесување во првиот мандат.
Во вториот мандат, на пати тој го крши Деловникот, Уставот, законите итн. Цениме дека не може тој човек да биде човек кој што може да обезбеди еден процес во кој што сите ќе бидеме горди. Но, ете тој е резултат, плод на еден политички договор кој што го имале СДСМ и ДУИ“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека Талат Џафери е коалициски договор помеѓу СДСМ и ДУИ.
Јас да сум мандатар нема да прифатам таков лик да биде дел од мојот кабинет, рече Мицкоски.
„Господинот Џафери не би бил ако јас ја имам можноста да бирам дел од тимот на соработници со кои што би соработувал. А, тоа ќе го кажат граѓаните на 8-ми мај. Ако ми ја дадат довербата тогаш сигурни бидете дека Талат Џафери нема да биде“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски додаде дека тогаш кога по неколку месеци Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го ослободи партизираното обвинителство и судство ќе го потсети Талат Џафери на изјавата „баш ми е гајле“.
После 8-ми мај кога граѓаните ќе ја дадат довербата и некое време откога ќе го ослободиме обвинителството и судството јас лично ќе ве потсетам на оваа изјава на господинот Талат Џафери и тогаш ќе видиме какви репeркусии таа изјава носи“, појасни тој
Comments are closed for this post.