На Македонија и се потребни големи реформи. На Македонија и се потребни големи работи. На Македонија овој пат и е потребна трансформација. Но, за да се случи таа трансформација и сето ова кое што и е потребно на нашата Македонија многу е важно таа победа да биде изразена во голем број на пратеници, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред присутните граѓани во општина Илинден во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мицкоски рече дека е потребно обединување околу единствениот столб, кој што воедно е и браник на македонските национални интереси, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Откако ВМРО-ДПМНЕ помина еден период на внатрешна реорганизација, се случи онаа историска победа на локалните избори во 2021 година. Денеска сме пред еден таков историски триумф на претседателските и парламентарните избори кои што ќе се случат за неколку месеци од денес. Но, за да биде тоа убедливо, да се случи оваа трансформација потребна е огромна мобилизација, обединување околу единствениот столб, кој што воедно е и браник на македонските национални интереси а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше тој.

Претседателот Мицкоски испрати порака до граѓаните дека секој глас даден за друга политичка партија всушност значи глас даден за Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Димитар Ковачевски и Бојан Маричиќ.

Мојата порака од овде од Илинден е, секој глас кој што на следните избори а е анти владин глас заврши во условна кажано опозицијата на опозицијата е глас кој што директно завршува на контото на Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Димитар Ковачевски и Бојан Маричиќ. Секој глас кој на следните избори ќе биде даден за оние кои што се денеска платена опозиција на опозицијата и за време на кампањата ќе зборуваат тоа што вие сакате да слушнете, тоа што е невозможно, а они како некоја месија ќе го проповедаат и ќе велат дека е возможно, секој еден глас кој што таму ќе заврши директно оди во полза на овие петмина, истакна тој.

Мицкоски побара поддршка се со цел да се продолжи историската победа од локалните избори во 2021 година, на претседателските и парламентарните избори.

Затоа ние е потребно да се мобилизираме и да застанеме околу програмата на ВМРО-ДПМНЕ и да застанеме заедно во поддршка на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и да завршиме таа историја која ја започнеме со двојната победа на локалните избори, да победи претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во идниот парламентарен состав да имаат 61 пратеник. За тоа сте потребни вие и вашата поддршка, им порача Мицкоски.

Претседателот Мицкоски вети дека ден по формирање на владата веднаш ќе се зафатат со работа посветено и чесно да го остварат она кое што го презеле како обврска и го ветиле пред граѓаните.

А ние од следниот ден кога ќе ја формираме владата ви ветувам дека ќе работиме макотрпно, посветено, ќе работиме, чесно и одговорно, сето она кое што сме го презеле како обврска да го сработиме, рече Мицкоски