Присуствував на ручекот организиран од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со лидерите на земјите од Западен Балкан,напиша премиерот Мицкоски.

 

Во фокусот на агендата беше планот за развој на Европската Унија. Подвлеков дека регионот и државата е уморна од ставање на страна и пречки кои се билатерални, а не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата и дека мора да се направат поголеми напори за внесување на доверба и кредибилност на целиот процес.
Ја повторив нашата заложба за остварување на стратешката цел, членство во Унијата и напредок базиран на реални и одржливи критериуми.