Новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја презеде премиерската функција од досегашниот претседател на техничката Влада, Талат Џафери.

На влезот на зградата од Владата Мицкоски беше дочекан од своите блиски соработници Владимир Нелоски и Игор Јанушев, кои ќе имаат владини функции.

Нелоски ќе биде шеф на кабинет на премиерот, додека Јанушев се очекува да биде новиот генерален секретар на Владата.