Најновите мерки на Владата ги даваат своите резултати, набавката на училишниот прибор сега е поекономична за македонските семејства, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Цените на училишниот прибор се значително намалени, што го олеснува товарот на родителите и овозможува секое дете да тргне подготвено на училиште.

Семејствата, пак, ги чувствуваат позитивните ефекти бидејќи со намалените цени се овозможува повеќе средства да останат за други важни животни потреби.

Еве само неколку примери од продавниците каде цените веќе се прилагодени за да одговорат на новите правила. Со ова, илјадници семејства ќе можат полесно да го подготват училишниот прибор без да се грижат за високите трошоци.

Заедно градиме подобра иднина за сите.
#МакедонијаЗаТебе