На сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е блиску до мнозинство во парламентот, вели лидерот Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски, она што се случило во првиот круг од претседателските избори на 24 април е успех, а верува дека во среда ќе имаат убедлива двојна победа и очекува граѓаните масовно да излезат.

„Не би се изненадил ако имаме 61 пратеник. За мене неуспехот не е неуспех. За мене е успех пред се она што се случи во првиот круг“, рече Мицкоски денеска во изјава за медиумите по завршување на литургијата во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Мицкоски, денеска уште еднаш потврди оти е сигурен дека нивниот претседателски кандидат Гордана Силјановска-Давкова ќе биде идниот претседател на државата, а коалицијата „Твоја Македонија“ ќе има мнозинство во парламентот.