Ќе го слушнете вчера Артан Груби на телевизија на едно интервју, ај што го пушти низ вода Бујар Османи така лесно дека нема да влезе во втор круг, па вели дека секој кој што сака да ја добие поддршката од ДУИ за втор круг мора да се согласи да се бира претседател во Парламентот. Значи не да го бирате вие, суверенот на народот, граѓаните, од вас потекнува легитимитетот, тие сакаат неколкумина.
Така се тие навикнати во Речица во седиштето, неколкумина да седнат и да речат ти ќе ја купиш Соравија, ти ќе возиш Бентли, ти Ролс Ројс, ти ќе имаш фирма за ова, ти ќе увезуваш јаглен, ќе направиш фирма и ќе увезуваш јаглен. Тие така се навикнати. Тие не знаат да го прашаат народот, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Петровец.
Мицкоски потенцираше дека овие луѓе со ваков начин на размислување, продавајќи романтични националистички приказни повеќе од 20 години се богатат на грбот на народот.
„Ова го кажувам само да посветам внимание на овие измамници кои повеќе од 20 години со романтични националистички приказни и реторики се збогатија и станаа милионери на грбот на народот и тука нема етничка припадност. На грбот на сиот народ во Македонија, по принципот „Како до сега“. Тоа е принцип по кој повеќе од две децении владее ДУИ во владите со различни политички партии коишто се дел од таа влада, истакна Мицкоски и додаде:
„Тој принцип „како до сега е отвори денес фирма, утре донеси јаглен, ќе ти го платат од Буџетот по трипати повисока цена ќе вратиш кај нас пола од профитот. Тоа е принципот „Како до сега““.
Мицкоски исто така пред граѓаните истакна дека за време ва владеењето на ВМРО-ДПМНЕ сигурно е дека нема да биде како до сега, а тие што се погрешиле пред народот и пред законите ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат за сите злодела коишто му ги нанесоа на народот на Македонија.
Тој исто така додаде дека изборот на овие избори е помеѓу тоа Македонија да биде повторно горда или Македонија каква што ја сакаат ДУИ и измеќарите од СДСМ.
„На овие избори изборот е помеѓу тоа Македонија да биде повторно горда, да биде Македонија достојна, да биде Македонија твоја ваша или пак да биде Македонија засрамена, понижена, ограбена. Тоа е изборот. Ве молам немојте да наседнувате на реториката на власта која што сака да ви ја наметне дека тие биле за ЕУ, Европски фронт, а ние сме биле против ЕУ. Тоа не постои. Изборот е или Македонија ваква каква што си ја сакаат огромно мнозинство граѓани или Македонија онаква каква што ја сакаат овие неколкумина од ДУИ и измеќарите од СДСМ“, дециден е Мицкоски.
Comments are closed for this post.