Морам да кажам дека од свиркачи го добивме целиот договор. Не знам дали е тој истиот, но еве ние ќе објавуваме во јавноста, па Владата нека демантира дали е тоа така или не е тоа така. Ние го добивме истиот од свиркачи кои го доставија и го анализираме“, истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање запрашан за договорот со „Бехтел и Енка“.

Мицкоски посочи дека секое јавно настапување ќе се користи за објавување нешто ново.

Еве денеска можеме да кажеме дека овој договор на Ковачевски и Груби или Груби и Ковачевски е скандалозен по стотина основи и секое излегување во јавноста по еден основ ќе објавуваме. Ќе кажам денеска дека во договорот има еден елемент кој вели дека законодавството пред кој овој договор одговара е законодавството на Англија и Велс“, истакна Мицкоски.

Тој истакна дека ги анализирале и договорите на „Актор“ и на „Синохидро“ кои и едниот и другиот се поврзани со законодавството во Македонија. За разлика од тие два проекти овој проект важечко при евентуален спор ќе биде законодавството на Англија и Велс.

Доколку утре имаме спор, а ќе имаме бидејќи во самиот договор нема цени од тоа што можевме да го видиме за најмалку 30 ставки. Тогаш ние ќе треба да се појавиме во Париз пред меѓународната стопанска организација и да го водиме тој спор“, кажа Мицкоски.

Тој потенцира дека при евентуален спор важечко не е законодавството на Македонија туку на Англија и Велс. Скандалот да биде уште поголем тоа е сосема спротивен модел односно аглосаксонски модел и нема никаква врска со континенталниот модел како што е македонското законодавство.

Втора работа која ќе ја кажам денеска е дека освен во клучните зборови напочеток на договорот зборот Фидик никаде понатаму во самиот договор не се споменува бидејќи велеа според Фидик ќе го прават, па така освен во клучните зборови никаде понатаму зборот Фидик го нема. Што е зборот Фидик? Тој е меѓународен стандард по кој се реализираат меѓународни договори“, вели Мицкоски.

Мицкоски упати повик до претседателот на Стопанската комора на Македонија да покани претставници од ВМРО-ДПМНЕ на настан за договорот со „Бехтел и Енка“.

Го повикувам претседателот на стопанската комора на Македонија, Бранко Азески бидејќи организира претставување на овој договор во рамките на стопанската комора на кој ќе биде првиот вицепремиер Артан Груби и ќе го презентира да дозволи и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и луѓе од ВМРО-ДПМНЕ да бидат присутни на тој настан и да го презентираме нашиот став пред стопанствениците во Македонија за овој договор“, кажа Мицкоски.