Kooрдинаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски нагласува дека пратениците биле подготвени правдата за настаните од 27 април да се тера до крај, но Џафери не дозволи да има гласање. Тој нагласува декапретседателот должи одговор на јавноста и на граѓаните, зошто ја прекина седницата.

Поради ова денеска во Собранието нема услови да продолжат активн остите. СДСМ е одговорна партија и интересот на јавноста е на првото место. Затоа ние и јавноста бараме одговори од претседателот Џафери“, истакна Митревски.